Услови за користење
Последна измена: 8 август 2026
1. Прифаќање на условите
Со пристапување и користење на веб-страницата cryptogemidzija.mk (во понатамошниот текст „Сајтот"), вие се согласувате со овие Услови за користење. Доколку не се согласувате, ве молиме не го користете Сајтот.
2. Опис на услугата
Crypto Gemidzija е едукативна платформа за криптовалути на македонски јазик. Содржината на Сајтот вклучува:
- Видео едукација
- 24/7 ТВ програма со крипто содржини
- Блог со написи, анализи и вести
- Newsletter за најнови вести и информации
- Заедница за учење и дискусии
- Информации за Крипто настани
- Продавница со брендирани производи (маици), со плаќање исклучиво во криптовалути
3. Едукативна содржина (Не е финансиски совет)
Содржината на Сајтот е исклучиво едукативна и информативна. Ништо објавено на овој Сајт не преставува финансиски, инвестициски, правен или даночен совет. Секоја одлука за инвестирање е ваша лична одговорност. Крипто пазарот е високоризичен и може да доведе до загуба на средства.
4. Интелектуална сопственост
Сите содржини на Сајтот (текст, видеа, графики, логоа, итн.) се заштитени со авторски права и се во сопственост на тимот Крипто Гемиџија. Не е дозволено репродуцирање, дистрибуирање или менување на содржините без претходна согласност од тимот.
5. Кориснички обврски
Со користење на Сајтот, вие се согласувате:
- Да не злоупотребувате ниедна функција на Сајтот
- Да не испраќате спам, малициозни линкови или невистинити информации
- Да не се обидувате да пристапите до неовластени делови на системот
- Да ги почитувате останатите членови на заедницата
6. Newsletter и известувања
Со претплата на нашиот newsletter или push известувања, давате согласност за примање содржини од нас. Можете да се отпишете/одкажете во секое време.
7. Купување, плаќање и испорака
Производите во нашата продавница (моментално маици со лого) се нарачуваат преку формата за нарачка на страницата shop.html. За секоја нарачка се бара име, е-пошта, телефонски број и адреса за испорака.
- Плаќањето се врши исклучиво во USDC, на една од поддржаните мрежи (BNB Chain, Solana или Base), директно на wallet адресата прикажана при нарачката.
- Крипто трансакциите се неповратни. Купувачот е целосно одговорен да го провери точниот износ и избраната мрежа пред да изврши уплата. Не сме одговорни за средства испратени на погрешна адреса, погрешна мрежа или во погрешен износ.
- Нарачката се смета за потврдена дури откако ќе го потврдиме приемот на уплатата, по доставена потврда/screenshot од трансакцијата.
- Испораката се врши во рамки на Република Македонија, во рок од 3-5 работни дена од потврдена уплата. За нарачки надвор од Македонија, моментално не се достапни.
8. Замена и поврат
- Производите се изработуваат по нарачка, поради што не нудиме поврат на средства.
- Ако производот пристигне со фабричка грешка или се разликува од нарачаното (погрешна величина/производ по наша вина), контактирајте нè во рок од 7 дена од приемот на пратката на cryptogemidzija@gmail.com, со фотографија од производот.
- Замена поради погрешно избрана величина од страна на купувачот е можна во рок од 7 дена од приемот, доколку производот не е носен, перен или оштетен. Трошоците за враќање на пратката во тој случај ги сноси купувачот.
- Го задржуваме правото да одбиеме замена надвор од наведените услови.
9. Линкови кон трети страни
Сајтот може да содржи линкови кон надворешни веб-страници. Не сме одговорни за содржината, политиките или практиките на овие страници.
10. Ограничување на одговорност
Сајтот и неговите содржини се обезбедуваат „како што се". Не гарантираме за точноста, комплетноста или континуитетот на содржините. Не сме одговорни за директна или индиректна штета настаната од користењето на Сајтот.
Содржините на оваа страница се исклучиво едукативни и не претставуваат финансиски совет. Не сме одговорни за било какви финансиски одлуки донесени врз основа на нашите содржини.
11. Измени на условите
Го задржуваме правото да ги менуваме овие Услови во секое време. Измените стапуваат на сила со објавувањето на Сајтот. Продолженото користење по измените значи прифаќање на новите услови.
12. Контакт
За прашања поврзани со овие Услови, контактирајте нè на: contact@cryptogemidzija.mk